Објавено на:

Бугарските европратеници ѝ се пожалија на Фон дер Лајен за настанот во Чаир: “Користени практики како во СФРЈ”

t

Остра реакција од челниците на европските институции побараа бугарските европратеници од ГЕРБ-СДС откако во Скопје беше избоден бугарски државјани пред фудбалскиот натпревар меѓу „Левски“ и „Шкупи“.

-Во отвореното писмо упатено до претседателката на ЕП Роберта Мецола, на ЕК Урсула Хон дер Лајен, на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и претседателите на парламентарните комисии во ЕП, бугарските европратеници ги изнесоа фактите околу случајот Скопје, нагласувајќи дека станува збор за сериозни прекршувања на човековите права предизвикани од омраза и го осудуваат агресивниот однос кон Бугарите, соопшти ГЕРБ.

Овие европратеници сметаат дека ваквиот однос не е резултат на фудбалски емоции и страсти, кои не се исклучок за време на спортски натпревари, а главна причина за агресијата е постојаното наметнување непријателски однос кон Бугарија од страна на политичарите во Република Македонија, од медиумите и од академските средини таму.

-Сметаме дека политиката на омраза кон Бугарија, која долги години ја водат политичарите во Република Македонија, веќе погоди многу граѓани“, се вели во писмото кое го пренесуваат бугарските медиуми.

Во него се наведени и други инциденти, како нападите врз бугарските културни клубови во Македонија и напади врз граѓани со бугарска самосвест.

„Со голема загриженост, го обрнуваме вашето внимание на фактот дека јазикот на омраза карактеристичен за Република Македонија, кој се најде во извештаите на Европската комисија и во резолуциите на Европскиот парламент, веќе се претвори во дела родени од омразата кон Бугарија и Бугарите“, пишуваат бугарските европратеници и додаваат: „Овој негативен однос кон европска Бугарија и дискриминацијата на македонските Бугари во Република Македонија се издигнати на ниво на државна идеологија, која ги повторува сите негативни и неприфатливи практики познати од историјата од времето на комунистичкиот режим во Социјалистичка Федеративна Република Југославија“.

Инцидентот од пред неколку дена ја покажува ескалацијата на антибугарската политика, која долги години ја водат политичарите во Република Македонија и која веќе зафати многу граѓани.

„Јазикот на омраза кон европска Бугарија и Бугарите, како и агресијата предизвикана од омраза, не се европски вредности“, потсетуваат потпишаните бугарски европратеници Андреј Ковачев, Андреј Новаков, Ева Мајдел, Асим Адемов, Емил Радев и Александар Јорданов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…