Буданов: Северна Кореја е голем проблем за Киев, масовно ја снабдува Русија со артилериски гранати

t

Шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов изјави дека од сојузниците на Москва, Северна Кореја е „најголемиот проблем“ за Киев поради масовното снабдување на Русија со артилериски гранати, што се користат на украинскиот фронт.

Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја снабдуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите, истакна Буданов.

Тој додаде дека Украина во моментот не може ништо да преземе против тоа.

Буданов оцени дека Русија ќе се обиде да стави крај на војната „пред 2026 година“, со цел да избегне слабеење на нејзините позиции поради акумулацијата на економските проблеми, главно поради западните санкции и проблемите со мобилизацијата поврзани со значителни загуби на фронтот.

САД и Јужна Кореја го обвинија Пјонгјанг дека ѝ доставува на Русија муниција и проектили за да ја поддржи нејзината инвазија врз Украина, која трае од февруари 2022 година, но Пјонгјанг ги негира обвинувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буданов: Северна Кореја е голем проблем за…

Шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов изјави…

Зеленски: Секое одложување на воената помош има…

Секоја навремена и брза испорака на воени…

(Видео) Орбан го возеше Шварценегер во теретана,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук објави…

Денеска е Св. маченик Мамант: Го фрлаа…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…

„Мирор“: Хамза бин Ладен е жив и…

Синот на Осама бин Ладен, Хамза, за…