Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот директор Нухи, одат во притвор
Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор на клиниката, Нехат Нухи, одат во притвор во траење од 30 дена, одлучи скопска Апелација.
Судот ги прифати жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара построги мерки за двајцата обвинети, укажувајќи на опасност од бегство. Поради ова, Васев и Нухи денеска беа спроведени во судот.
„Апелациониот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје против решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје и истото го преиначи, на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С.“, се наведува во соопштението.
Судот констатирал основано сомневање дека Васев сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, и поради тоа му е одреден притвор во траење од 30 дена, согласно член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка.
Двајцата се обвинети за злоупотреби поврзани со скапа терапија и за тешки дела против здравјето на луѓето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Побаран притвор за 19 годишникот од село…
Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…
Ја влечел, па ја удирал со шлаканици,…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…
Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор…
Шест лица одат во притвор, осомничени за…
Го киднапирале, па му рекле дека ќе…
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…