Објавено на:

Бунтовниците во Нигер се заканија дека ќе го убијат Базум доколку почне воена интервенција против нив, тврдат западни претставници

t

Претставниците на пучистите во Нигер предупредија висок американски дипломат дека ќе го убијат соборениот претседател Мохамед Базум доколку соседните земји воено интервенираат, јавија светските агенции, повикувајќи се на западни официјални претставници кои сакаа да останат анонимни.

Анонимен западен функционер изјави за светските агенции дека вршителот на должноста заменик-државен секретар на САД, Викторија Њуланд, била информирана за заканата за време на нејзината посета на Нигер минатата недела.

Информацијата ја потврди уште еден западен претставник.

Базум беше соборен од водачите на хунтата на 26 јули и оттогаш е заложник во неговата резиденција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…