Бучковски: Бевме лидер во регионот, па загубивме десет години со ВМРО-ДПМНЕ, а и Макрон нè блокираше
Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски изрази загриженост за времето кое Македонија го загуби во процесот на интегрирање во Европската унија, велејќи дека промената на власта во 2006 година „имала сериозни последици“.
Во интервју за црногорската телевизија „Е“, Бучковски рече дека Македонија била лидер во евроинтеграциите меѓу земјите од Западен Балкан кога тој бил премиер, но по доаѓањето на новата власт во 2006, Македонија изгубила десет години на расправии и провокации со Грција. Како резултат на тоа, наместо да стане членка на НАТО во 2008, Македонија се приклучи на Алијансата дури во 2020 година, вели експремиерот.
Бучковски го критикуваше и францускиот претседател Емануел Макрон за блокирањето на напредокот на земјава кон ЕУ во 2019 година, кога наместо датум за преговори, Макрон предложи нова методологија, што Бугарија го искористила за да постави нови барања.
Во однос на актуелната власт, Бучковски потсети на неодржаните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, партија која според него како опозиција ги злоупотребувала Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, а како власт не покажала интерес за интеграцијата во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…
СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…
Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…