Важно известување од МВР: Кои возачи треба да ги одјават своите возила?
Министерството за внатрешни работи ги информира и апелира до граѓаните дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција.
Исто така, согласно пропишаните норми -сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал ако:возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно со прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Македонија, ако возилото се регистрира во странство заради преселување на сопственикот на возилото, односно од други причини.
Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува јавен повик до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 30.06.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, следствено законската процедура.
Ако сопственикот на возилото не го одјави своето возило Министерството за внатрешни работи во согласност со законските надлежности ќе го избрише од евиденција на регистрирани возила и ке преземе мерки за одземање на регистарските таблици на трошок на сопственикот на возилото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…
Ни трага ни глас од скандалот на…
Ни трага ни глас од скандалот на…
И денеска може да подигнете лични карти,…
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…
(Видео) СКАНДАЛ: Братот на заменик МВР кој…
Заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира…