Вакво обединување имаше само во 1991 година! Повеќе од 70% од етничките Македонци се ПРОТИВ францускиот предлог!
Во истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) на прашањето „дали би прифатиле почеток на преговори со ЕУ по цена Македонија да се согласи со т.н. француски предлог“, 72.8 отсто од етничките Македонци опфатени со анкетата одговориле со „не“. И мнозинство од анкетираните граѓани, без оглед на етничката припадност се против, односно со „не“ се изјасниле 56 проценти од анкетираните. Анкетата е спроведена од 4-ти до 6-ти овој месец, на база на телефонско јавување, а контактирани биле 1.114 полнолетни граѓани.
Петнаесетина проценти од Македонците би се согласиле на почеток на преговорите со ЕУ врз база на овој предлог, а близу 30 проценти од вкупно анкетираните би кажале „да“ за ваков почеток на преговорите.
Граѓаните Македонци се сомневаат дека има разлика меѓу претходниот и „модификуваниот“ француски предлог, па така 62,8 проценти велат дека станува збор за истиот предлог.
Во однос на повеќеетничката структура, 48,2 отсто од граѓаните се согласуваат дека е предлогот е ист, односно дека има козметички измени.
Протестите за отфрлање на францускиот предлог го поддржуваат мнозинството Македонци, но и мнозинството од вкупно анкетираните граѓани
Од Институтот велат дека испитаниците се избрани по случаен избор, но дека е запазена демографската, половата и друга структура битни за непристрасни истражувањата јавното мислење.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни…
Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Се зголемува бројот на македонски ученици кои…
Од 2012 година кога во основното училиште…
Намален бројот на Македонци во Црна Гора…
Според резултатите од пописот одржан во декември…
Македонците во Албанија бараат од Тирана да…
Единствената македонска партија во Албанија – Македонска…