Ванковска до Муцунски: Уставното право не познава “одложена примена на уставни измени”
Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, реагира на изјавата на Тимчо Муцунски во однос на промената на Уставот.
– „Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата.
Моето “лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи “поглавје по поглавје”.
И ова го нарекуваат “непопустлива надворешна политика”. Немојте после не сте знаеле. Само треба да читате меѓу редови.” – напиша Ванковска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски ќе одлучува дали членовите на Антикорупциска…
Членовите на Државната комисија за спречување корупција…
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…
ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…
Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…
Владата во постапката за донесување закони, а…
Прифаќаме промена на Уставот: Ова се трите…
Новиот, компромисен француски предлог за решавање на…