(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо Ангеловски“ врши мобинг над вработените – ги терала хигиеничарките да ѝ ја перат колата?

t

ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ МОБИНГ НАД ВРАБОТЕНИТЕ?

Не прекинуваат скандалите во ООУ ,,Лазо Ангеловски”. Откако општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски го сменија претходниот директор по низа скандали и на негово место ја донесоа новата директорка Магдалена ПЕТРЕСКА, повторно стигнуваат информации за уште еден скандал.

До Левица пристигнаа поплаки дека директорката Магдалена Петреска ги понижува и омаловажува вработените во ООУ „Лазо Ангеловски“. Имено, оваа директорка го паркира својот автомобил пред училиштето и им наредува на вработените-хигиеничарки во школото за време на своите работни задачи и за време на своето работно време да земат кофи вода и четки и да го ИЗМИЈАТ НЕЈЗИНИОТ ПРИВАТЕН АВТОМОБИЛ.

Според Закон за заштита од вознемирување на работно место:

„Забранет е кој било вид на вознемирување на работно место, како и злоупотреба на правата на вознемирување на работно место.“ Вработените хигиеничарки немаат во своите работни задачи да го чистат и „полираат“ авомобилот на директорката!

Бараме од градоначалникот Муцунски целосно да го испита случајот и да спроведе соодветна постапка за да ги заштити вработените во училиштето!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на М-НАВ Хамиди тврди дека огласот…

- Гледам дека проблематични, условно речено „демек“…

(Фото) Левица прашува дали директорката на „Лазо…

ДАЛИ ДИРЕКТОРКАТА НА ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ВРШИ…

Наставниците се жалат на мобинг од учениците…

Мобингот кон наставниците од страна на учениците…

Кој ќе биде нов директор на АНБ?

Кој ќе биде нов директор на АНБ?…

Да плачеш или да се смееш: Директор…

Дамир Шкугор, довчерашниот директор во Секторот за…