Ванковска: Соочување на претседателските кандидати е обврска кон македонската јавност!
Уште еднаш да потсетам на апсурдноста на изборната трка за претседател на Република Македонија и улогата на медиумите, пишува Билјана Ванковска на Фејсбук.
Прво, се разговара за т.н. мастер дебата (по американски стил) – но, некои од моите противкандидати почнуваат да поставуваат услови – сакам со овој, ама не и со оној! За мене било кажано дека сум “нереализиран професор”, “радиоактивна” поради штетното влијание на левата идеологија, и ќе губеле време во дебата со мене. Предлогот пропаѓа од необјаснети причини.
Второ, Телма праќа покана до сите, но поставува свој услов – “кворум” од 5 учесници. Таравари има попаметна работа и ќе одел во странство за да се сретне со своите поддржувачи од дијаспората. Остануваме шестмина. Но, врховниот командант на вооружените сили и актуелен претседател одбива дебата, а на тоа се придружува и Бугар Османи (пардон, Бујар) – оној што прв почна со дискриминација за ифтарска вечера.
Трето, националниот сервис МТВ прави последен обид да нѐ собере, но почнува со фаворизираните кандидати (што е дискриминаторски однос кон сите други). Тие двајца си го земаат правото да водат уредувачка политика на МТВ: даваат ултиматум – или сите седум или нема дебата!?! По која логика гласот на Стево и Гога има поголемо влијание од тој на останатите!?! Но, по некое чудо сега проблем е согласноста на двајцата албански кандидати. Сега овие двајца (заедно со веќе споменатите) одлучуваат за нај демократскиот чин во изборната кампања – СООЧУВАЊЕ на личности и програми! Морам тука да спомнам дека тоа се претставниците на заедницата чии гласови досега беа решавачки за избор не само на претседател туку и на влада.
На крај морам да цитирам еден пријател новинар од регионот кој во лична комуникација, зачуден од оваа наша пракса, ми вели: koji će vam k…c nacionalni servis ako nisu u stanju organizirati suočavanje kandidata!?!
Во ваква ситуација, кога е бал се мислам дали да го направам маскенбал, циркусот да се разголи: па сега јас давам услов! МТВ ако сака да го сочува достоинството на национален сервис МОРА да организира соочување макар и со празни столчиња за плашливците и калкулантите. Соочувањето не е ифтарска вечера туку ОБВРСКА кон македонската јавност!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Харис: Подготвена сум за дебата со Трамп
Потпретседателката Камала Харис во изјава пред новинарите…
Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските…
Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат…
Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати…
ГРОМ: Некои претседателски кандидати се плашат да…
Почитувани,Во врска со информација од страна на…
Костов до “македонскиот Бугарин”: Пердуви има да…
Аналитичатот Сотир Костов во емисијата Само Вистина…