Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во претседателската трка:
„Решив да ја прифатам поканата за заедничка дебата на националниот јавен сервис – Македонска радио телевизија, со оглед на тоа дека сите мои противкандидати ја прифатиле поканата да учествуваат во дебатата.
Дополнително, информирам дека останувам на претходно изнесениот став дека е потребно да се расветли случајот во кој имаше јавно изнесени индиции дека јавниот сервис бил користен за изработка на лажни анкети и дебати за рејтингот на политичките партии и кандидатите за претседатели, а со тоа и фабрикување на јавното мислење.
Останувајќи доследен на принципот на транспарентноста за мојата работа и како претседател и како кандидат за претседател во тековната кампања, ја информирам јавноста за овие прашања за кои имаше интерес изминатите денови” изјави Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каналите на „Арена“ работат без дозвола, а…
Петте национални македонски телевизии, здружени во Македонската…
Левица: Со изборот на Ристоски, МРТ станува…
Од Левица остро реагираат на изборот на…
Зоран Ристовски е нов директор на МРТ
Зоран Ристовски – Ѓуза е новиот прв…
Програмскиот совет на МРТ утре ќе го…
Програмскиот совет на МРТ за утре закажа…
Детски настап со симболи од „голема Албанија“…
Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше…
