Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата – и неа ли ќе им ја дадеме?

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата Левица кампањата, која ја води под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата”, ја почна со митинг во Струмица.
-Сега страдаме од божемната „наша власт”, која ги згази не само постигањата од минатото туку се однесува како внатрешен окупатор. Ни ја одзеде не само живејачката и волјата за напредување, туку и надежта. Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото, ни ги отселија најдрагите. Подготвени се да го запустат и последното парче плодна почва, воздухот го направија отровен, а последната капка вода сакаат да ја продадат на јабанџии. Сè ни одземаа – освен душата. И неа ли ќе им ја дадеме, порача Ванковска во своето обраќање пред струмичани.
На митингот се обрати и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев кој истакна: „Тачевизмот е највисок стадиум на ЗАЕВИЗМОТ и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот. Да му брцнеме во очи на оној кој направи штета за две генерации!” – рече Ванковска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото-галерија) Масовен мирен собир во Струмица во…
И струмичани вечерва на мирен собир оддадоа…
Земјотрес во Струмица
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките…
Црни знамиња во Струмица! „Бог да ви…
Зацрне Струмица, поцрна е од темнината на…
(Фото) Илјадници луѓе се собраа на мирен…
Илјадници луѓе се собраа на мирен протест…
(Фото) Струмичани палат свеќи за починатиот музичар…
Струмичани палат свеќи за загинатите во страотниот…