Вардар гледа кон иднината – го „врза“ Срдановиќ за уште две сезони!
Екипата на Вардар одлично ја почна новата ракометна сезона, во која веќе оствари скор 2-1 против најголемиот ривал Пелистер, со подобра гол-разлика пред плејофот, но без разлика што до нејзиниот крај има уште многу за играње, управата на клубот почна да гледа кон иднината.
Црвено-црните веќе почнаа да го склопуваат тимот за следните неколку сезони, а прв чекор во тој правец е продолжување на договорот со српското лево крило, Марко Срдановиќ. Тој денеска ја прифатил понудата да остане во Скопје најмалку до 2026 година, односно уште најмалку две сезони.
„Доаѓањето во Вардар ми беше најдобриот потег во кариерата. Одлично се снајдов во Скопје, клубот и играчите ме прифатија како семејство и таа хемија носи резултат. Вардар создава тим што во иднина ќе биде не само квалитетен, туку и доминантен. Затоа сметам дека останувањето во Скопје е уште еден вистински потег. Имам одлични соиграчи, управа и пред се навивачи. Тоа секогаш носи резултат, вели Срдановиќ.
Вардар моментно е првопласиран во Б групата од Суперлигата и повеќе од сигурно ќе пренесе три бода во разигрувањето за титулата. Целта на црвено-црните е освојување на двојната круна, а со тоа и враќање во Лигата на шампионите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Моралната одговорност не се мери на избори
Премиерот Христијан Мицкоски многу добро ја знае…
Израел им забрани на граѓаните да ја…
Израел им забрани на своите граѓани да…
Успешна евакуација на првата група македонски државјани…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…
Додека на Блиски Исток се распоредуваат дополнителни…
Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца…
ЗНАМ И ДПМНЕ ПОБЕГНАЛЕ ОД СЕДНИЦАТА! Успешен…
*Успешен третиот обид на Левица за надзорна…