Вардар победи за малку мир во куќа, Пелистер изненадно испадна
Фудбалерите на Вардар конечно ги израдуваат своите навивачи, откако со денешната победа во дуелот на домашен терен против Тиквеш (2-0) се пласираа во четврт-финалето од Купот на Македонија.
Ова е прв триумф за црвено-црните по низата од четири порази по ред во Првата лига, и тоа против ривалот кого последен го совладаа пред еден месец во Кавадарци. Херој во вардаровите табор беше Џибрил Дианесу, кој беше стрелец на двата гола. Францускиот напаѓач крајниот епилог го најави во 74. минута, а го потврди во четвртата минута од судиското надополнување.
Сите денешни осминафинални средби донесоа неефикасен фудбал, а во следната рунда се пласираа Гостивар со триумфот над Брегалница (1-0), која си постигна автогол, Брера која беше подобра од Беса (2-0) и Струга по триумфот над Македонија ЃП (2-0). Силекс по изведување пенали (4-3) го елиминира Шкупи, откако средбата во регуларниот дел заврши без голови.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново 1-0
Вардар – Тиквеш 2-0
Брера – Беса 2-0
Силекс – Шкупи 0-0 (по пенали: 4-3)
Гостивар – Брегалница 1-0
Арсими – Воска 3-1
Струга – Македонија ЃП 2-0
Фото: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…