Вардар победи за малку мир во куќа, Пелистер изненадно испадна
Фудбалерите на Вардар конечно ги израдуваат своите навивачи, откако со денешната победа во дуелот на домашен терен против Тиквеш (2-0) се пласираа во четврт-финалето од Купот на Македонија.
Ова е прв триумф за црвено-црните по низата од четири порази по ред во Првата лига, и тоа против ривалот кого последен го совладаа пред еден месец во Кавадарци. Херој во вардаровите табор беше Џибрил Дианесу, кој беше стрелец на двата гола. Францускиот напаѓач крајниот епилог го најави во 74. минута, а го потврди во четвртата минута од судиското надополнување.
Сите денешни осминафинални средби донесоа неефикасен фудбал, а во следната рунда се пласираа Гостивар со триумфот над Брегалница (1-0), која си постигна автогол, Брера која беше подобра од Беса (2-0) и Струга по триумфот над Македонија ЃП (2-0). Силекс по изведување пенали (4-3) го елиминира Шкупи, откако средбата во регуларниот дел заврши без голови.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Шкендија Тетово – Шкендија Арачиново 1-0
Вардар – Тиквеш 2-0
Брера – Беса 2-0
Силекс – Шкупи 0-0 (по пенали: 4-3)
Гостивар – Брегалница 1-0
Арсими – Воска 3-1
Струга – Македонија ЃП 2-0
Фото: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Христовски: АНБ ја следи одлука на Египет…
АНБ ја следи одлука на Египет да…
Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена…
Започна откупот на годинешната реколта по цена…
(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…
АНБ во соработка со МВР откри и…
56-годишна жена тешко повредена откако била удрена…
Жена од Тетово се здобила со тешки…
Познат идентитетот на загинатиот воен пилот, се…
Авион МиГ 29 на српската армија од…