Вархеји: Албанија може да стане членка на ЕУ до крајот на мандатот на актуелната Европската комисија

t

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Албанија има целосна поддршка од ЕУ за забрзување на реформскиот процес, со цел до крајот на мандатот на тековната Европска комисија да стане членка на ЕУ.

„Силната посветеност на Албанија кон реформскиот процес нѐ доведе до отворање на првиот кластер на минатонеделната Меѓувладина конференција. Даваме целосна поддршка за забрзување на реформскиот процес, за земјата да може да стане членка на ЕУ до крајот на следниот мандат“, објави Вархеји на социјалната мрежа Икс.

Албанија на 15 октомври го отвори првиот кластер за преговори за членство во ЕУ, кој ги опфаќа прашањата за правосудството и основните права, правдата, слободата и безбедноста, јавните набавки, статистиката и финансискиот надзор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вархеји: Албанија може да стане членка на…

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави…

По ликвидацијата на Синвар, ЕУ гледа можност…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Пратениците од албанската опозиција се судрија со…

Неколку часа пред пленарната седница објектот беше…

Меџити ѝ честиташе на Албанија и порача…

Првиот потпретседател на Владата и министер за…

Власта да им се извини на граѓаните…

СДСМ го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ за…