Вархеји: Членството на Албанија во ЕУ е блиску
Комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји изјави дека изградбата на Европски колеџ во Тирана со финансирање од ЕУ е „јасен сигнал дека членството на Албанија во Унијата е блиску“, јави Топ чанел.
– Охрабрен сум од посветеноста на албанската влада да продолжи со агендата на ЕУ. Мило ми е што успеавме да најдеме средства за кампусот на европскиот колеџ. Ова е јасен сигнал дека членството е блиску. Затоа со голема гордост можам да соопштам дека приемниот процес ќе можеме да го започнеме во септември оваа година. Ни треба зграда, убаво место каде што може да се смести факултетот. Се надевам дека во втората половина од оваа година ќе има големи случувања во патувањето на Албанија кон ЕУ, рече Вархеи на заедничката прес-конференција во Тирана со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската
комисија, Жозеп Борел и албанскиот премиер Еди Рама.
Во Тирана денеска беше одржан 12. Совет за стабилизација и асоцијација ЕУ-Албанија. Албанија ја
претставуваше премиерот Рама, а Европската комисија Вархеи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Украина има законко право да се…
Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Ѓурѓај: Исправен терминот „северномакедонци“ во резултатите од…
Народниот правобранител на Албанија одговори на дописот…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…