Васил Стерјовски се сретна со Македонците во Србијa – Положено цвеќе на бистата на „Гоце Делчев“
Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, престојува во Србија, каде се сретна со претставници на Македонците.
„Имав чест да ги посетам Панчево и Јабука, каде што се сретнав со претставниците на Националниот совет на Македонците во Република Србија и со Демократската партија на Македонците. На овие средби имав можност да се запознам со положбата и правата на нашите Македонци во Србија и со предизвиците со кои се соочуваат“, информираше Стерјовски.
Додава дека разговарале за можностите за соработка.
Во име на Македонците од Албанија, положил свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на училиштето “Гоце Делчев” во Јабука. Тој се заблагодари за топлиот пречек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…
Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…