ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ ВО СИГУРНИ РАЦЕ – БЕСПЛАТНИ КОНСУЛТАЦИИ И НАМАЛЕНИ ЦЕНИ ЗА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ
Според истражувањата, во текот на животот еден од пет мажи и една од шест жени ќе заболат од карцином. Малигните болести, според стапката на смртност, се на високото второ место, веднаш зад кардиоваскуларните болести. Бројките се загрижувачки, но онколозите охрабруваат дека денес имаме можности за користење современи дијагностички методи за рано откривање и современи начини на лекување на малигните болести. Во месецот посветен на борбата за подигнување на свеста за редовни прегледи и превенција од карцином, како и Светскиот ден за борба против канцер (4 февруари) Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започнува кампања под слоганот „Вашето здравје во сигурни раце“ . За време на кампањата, која ќе трае во наредните три месеци, за сите пациенти кои имаат потреба од онколог ќе следуваат бесплатни консултации (вторник и четврток) во тек на еден месец и намалување на цените за 20% за зрачна и хемотерапија во тек на 3 месеци, како и ваучер за третман во Центарот за онкологија и радиотерапија за сите оперирани пациенти во болницата.
„Со оваа активност сакаме да им овозможиме на пациентите со малигни болести да добијат стручен совет, како и информација за можностите за лекување “ – изјави д-р Дева Петрова, онколог во „Аџибадем Систина“.
Центарот за онкологија и радиотерапија во „Аџибадем Систина“, кој функционира од 2013 година, овозможува третман на малигни болести според светски стандарди, стручен кадар и современа технологија. На едно место пациентите без чекање можат да добијат комплетна услуга, почнувајќи од програма за превентивни прегледи, дијагноза со најсовремена технологија и лекување според светски усвоени протоколи.
МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП
Во Центарот за онкологија и радиотерапија третманот на пациентите со малигни заболувања се планира мултидисциплинарно со функционирање на онколошки конзилиум од доктори специјалисти од различни области. Онколошкиот третман спроведен во Центарот за онкологија и радиотерапија од страна на нашиот стручен тим подразбира апликација на лекови интравенски или орално. Тука спаѓа: хемотерапија, хормонска терапија, имунотерапија и биолошки третман.
РАДИОТЕРАПИЈА
Во нашиот онколошки центар постои можност и за спроведување зрачна терапија со користење современи техники на планирање со помош на акцелераторот Trilogy, линеарен акцелератор за прецизна зрачна терапија на тумори, со мал волумен кој во исто време обезбедува максимална заштита на околното здраво ткиво. За време на третманот TRILOGY може да ја менува позицијата и да го зрачи туморот од повеќе агли. Со менување на аголот, зрачењето целосно го опфаќа делот што се зрачи, а се штити здравото ткиво. Со ова се зголемува успехот на лекувањето.
НОВИНИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ОНКОЛОШКИТЕ ПАЦИЕНТИ
Мултигенетските тестирања стануваат реалност за пациентите со малигни болести, тие тестови се достапни во нашата болница и ни помагаат во индивидуализирање на третманот на пациентите со малигни болести.
Закажување бесплатна консултација на 02/ 30 99 500
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пезешкијан до Макрон: Иран го задржува правото…
Техеран го задржува правото да одговори на…
„Вашингтон пост“: Иран може да ја преиспита…
Претставници на Белата куќа веруваат дека интензивните…
Украинската армија ја зазеде единствената станица во…
Украинската армија, која влезе во регионот Курск,…
Во Косово потврден првиот случај на заразен…
Националниот институт за јавно здравје на Косово…
Благодарение на СДСМ цените на грозјето се…
Благодарение на Владата на СДСМ и политиките…