„Ваш профит, Наши животи“ – протестни маршови викендов во Кочани!

Под мотото „Ваш профит, Наши животи“ викендов во Кочани ќе се одржи протестен марш за правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Маршот ќе се одржи в сабота и недела, со почеток во 15:59. Збирно место е Градскиот парк во Кочани. Маршутата на движење продолжува кон Основниот суд, полицијата и зградата на Општина Кочани.
Инаку протестен марш има секој работен ден со почеток од 17:59 во Градскиот парк во Кочани.
Пожарот во дискотетата, денеска ја зеде и 60-тата жртва. Министерството за здравство потврди дека починал Александар Карадакоски, управител на фирмата „МММ Кафе“ ДООЕЛ – којашто управувала со дискотеката „Пулс“ во Кочани, но работел како шанкер во дискотеката, а вистинскиот сопственик е Дејан Јованов..
Карадакоски имал 40 осто изгореници на телото. Како што информираше министерот за здравство, Арбен Таравари, Карадакоски бил на дијализа и од 1 април му се влошила состојбата со бубрезите, додека се лекувал во Литванија.
– Подолго време беше во критична состојба. Остануваат уште три или четири пациенти кои се критични, и се надеваме дека другите нема да завршат со фатален епилог. Пациентот имаше инфекција поради огромната површина на раните на телото – изјави Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ваш профит, Наши животи“ – протестни маршови…
Под мотото „Ваш профит, Наши животи“ викендов во Кочани…
Талески до Тошковски: Кој ќе одговара за…
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната…
Кочанчанец предлага да се изгради меморијален парк…
На местото каде што во трагичниот пожар…
(Фото+видео) Кочани и денеска протестира – Ги…
Граѓаните на Кочани секојдневно во 17 часот…
Бугарскиот пратеник Пејков: По 1500 евра ќе…
Бугарскиот пратеник Пејков на неговиот Фејсбук профил…