„Ваш профит, Наши животи“ – протестни маршови викендов во Кочани!

t

Под мотото „Ваш профит, Наши животи“ викендов во Кочани ќе се одржи протестен марш за правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Маршот ќе се одржи в сабота и недела, со почеток во 15:59. Збирно место е Градскиот парк во Кочани. Маршутата на движење продолжува кон Основниот суд, полицијата и зградата на Општина Кочани.

Инаку протестен марш има секој работен ден со почеток од 17:59 во Градскиот парк во Кочани.

Пожарот во дискотетата, денеска ја зеде и 60-тата жртва. Министерството за здравство потврди дека починал Александар Карадакоски, управител на фирмата „МММ Кафе“ ДООЕЛ – којашто управувала со дискотеката „Пулс“ во Кочани, но работел како шанкер во дискотеката, а вистинскиот сопственик е Дејан Јованов..

Карадакоски имал 40 осто изгореници на телото. Како што информираше министерот за здравство, Арбен Таравари, Карадакоски бил на дијализа и од 1 април му се влошила состојбата со бубрезите, додека се лекувал во Литванија.

– Подолго време беше во критична состојба. Остануваат уште три или четири пациенти кои се критични, и се надеваме дека другите нема да завршат со фатален епилог. Пациентот имаше инфекција поради огромната површина на раните на телото – изјави Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Седум бебиња родени за два дена во…

Кочани добива ретко убава и позитивна вест…

Фатен во Скопје дилерот кој ѝ избега…

Осомничениот дилер на дрога Александар Лазаров –…

„Зад секоја бројка стои нечие дете“ –…

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 –…