Велешанец се обидел да убие жена во полициска станица
Обвинителството отвори истрага против 26-годишен велешанец, осомничен за обид за убиство врз жена која сведочела за настан во кој тој бил вмешан.
Мажот се обидел да ја убие во полициската станица во Велес, каде таа била повикана како сведок за настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека.
„Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната. Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот“, информираа од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
ПОВРЗАНИ АРТИКЛИ:
СЛЕДНОСе урна мал авион во САД, загинаа сите патници
ПРЕТХОДНОПритворен дилер од ВелесБИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И…
МАКЕДОНИЈАСребрен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада по информатика за девојкиОбјавено пред 27 минути – 22 октомври, 2022Од Макфакс
На втората по ред Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2022), која од 16-ти до 23-ти октомври се одржува во Анталија, Турција, македонските ученички – информатичарки ја заокружија успешната година за Македонија на меѓународните олимпијади по информатика, освојувајќи еден сребрен медал.
dobivaj vesti na viber
Сребрениот медал за Македонија на ова престижно меѓународно натпреварување го освои Софија Велковска од Скопје, а солидно претставување имаа и останатите 3 членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка, Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид. Тимот беше раководен од лидерите, д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Овие ученички беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 33-ти пат. Заедно со овој медал, македонските ученици на интернационалните информатички олимпијади само оваа година имаат освоено вкупно 5 сребрени медали, 5 бронзени медали и 3 олимписки
пофалби, што е резултат со кој би биле задоволни и многу поголеми и побогати земји во светот.
Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД) е релативно нов натпревар наменет само за ученички, што како иницијатива потекна од успехот на Европската математичка олимпијада за девојки. Форматот на натпреварот е сличен на веќе етаблираните меѓународни натпревари, како што е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ). Главниот дел од настанот се состои од два натпреварувачки дена, во кои ученичките решаваат предизвикувачки проблеми преку дизајнирање и имплементирање на соодветни ефикасни алгоритми. Натпреварот е исто така придружен и со социјални настани, како што се екскурзии, за време на кои учесниците можат да стекнуваат нови пријателства едни со други, како и да разменуваат дел од своите национални култури.
Секоја земја – членка на ЕОИД заедницата учествува со свој тим составен од најмногу 4 натпреварувачки, избрани преку националните натпревари во програмирање. По минатогодишното прво издание на оваа олимпијада кое се одржа онлајн заради пандемијата, ЕОИД 2022 се одржува со физичко присуство и со учество на вкупно 95 учеснички од 27 европски земји. Дополнително, како претставници на земји-гости на ЕОИД, во неофицијална конкуренција учествуваат и 60-ина ученички од 15-ина земји надвор од Европа (како САД, Канада, Саудиска Арабија, Бразил, Сингапур и др.). Главни организатори на ЕОИД 2022 се Министерството за индустрија и технологија, како и Научно-технолошкиот истражувачки совет на Република Турција.
Следната, трета по ред, Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2023) ќе се одржи идната година, во Лунд, Шведска.
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…СВЕТСАД: Путин не сака да преговара за крај на војнатаОбјавено пред 33 минути – 22 октомври, 2022Од Макфакс
САД ќе ги разгледаат сите средства за унапредување на дипломатијата со Русија доколку забележат можност за тоа, но Москва во моментов не покажува знаци на подготвеност да се вклучи во значајни разговори, изјави вчера американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
dobivaj vesti na viber
„Сè укажува на тоа дека претседателот Путин не е подготвен да се вклучи во значајна дипломатија, туку продолжува да притиска во спротивна насока“, рече Блинкен на прес-конференција со неговата француска колешка Кетрин Колона.
Размислуваме и ќе ги разгледаме сите средства за да ја подобриме дипломатијата доколку ја видиме можноста да ја подобриме на кој било начин, се разбира дека секогаш ќе гледаме на тоа, рече Блинкен, но додаде дека Москва наместо тоа ја „удвојува и тројно ја зголемува“ агресијата.
Русија оваа недела ги засили нападите со ракетни и беспилотни летала врз енергетската и водна инфраструктура на Украина.
Претходно овој месец, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју рече дека Русија е подготвена да работи со САД или Турција на начините за завршување на војната, која сега е во осмиот месец, сè уште нема добиено сериозен предлог за преговори.
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…СВЕТ(Видео) Кадиров објави снимка: „Синовите ми донесоа подарок од бојното поле“Објавено пред 38 минути – 22 октомври, 2022Од Макфакс
На каналот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е објавено ново видео во кое неговите три малолетни сина му носат „подарок“ од бојното поле – тројца затвореници.
dobivaj vesti na viber
Како што може да се види на видеото, Кадиров со ентузијазам ги пречека своите синови.
Претходно денеска Кадиров на својот канал на Телеграм изјави дека неговите малолетни синови го посетиле бојното поле во Украина. Најстариот има 16 години, а најмладиот 14.
„Ахмат, Ели и Адам се приближија до непријателските позиции и им пружија огнена поддршка на нашите борци“, објави Кадиров.
Тој, исто така, тврди дека неговите синови „контактирале со чеченските борци кои се борат на украинската страна и им рекле да дојдат на фронтот и да ја покажат својата посветеност на европските вредности во битката“.
Овие информации не се независно потврдени.
Кадиров на 3 октомври објави дека планира да ги испрати своите синови на фронтот во Украина.
„Дојде време тие да се докажат во битка“, рече тогаш Кадиров, додавајќи дека неговите деца почнале воена обука „на многу рана возраст“.
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…
НАЈНОВО
МАКЕДОНИЈА27 минутиСребрен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада по информатика за девојки
СВЕТ33 минутиСАД: Путин не сака да преговара за крај на војната
СВЕТ38 минути(Видео) Кадиров објави снимка: „Синовите ми донесоа подарок од бојното поле“
СВЕТ40 минутиСе урна мал авион во САД, загинаа сите патници
ТОП48 минутиВелешанец се обидел да убие жена во полициска станица
СВЕТ13 часаПронајдени тајни документи во куќата на Трамп со чувствителни информации за Кина и Иран
ЕВРОПА15 часаФон Дер Лајен: ЕУ следната година ќе ѝ помага на Украина со една и пол милијарда евра месечно
МАКЕДОНИЈА17 часаМинистерство за правда: По вчерашниот напад во „Идризово“, осудениот Б.Ј. на преглед во Клиника за абдоменални болести
МАКЕДОНИЈА20 часаОсмани – Милков: Не треба да дозволиме провокациите на поединци и групи да ги загрозат добрососедските односи
ЕВРОПА22 часаБорис Џонсон е меѓу фаворитите за британски премиер
СВЕТ1 ден(Видео) Путин посети воен камп и пукаше со снајпер
МАКЕДОНИЈА1 денМНР со нова вербална нота: Релевантните политички фактори во Бугарија да се оградат и да ги осудат провокациите
СВЕТ1 денСветските медиуми за колапсот на Лиз Трас: „Таа е жртвено јагне на неуспешната политика“
СВЕТ1 ден(Видео) Силни експлозии во Харков и Запорожје, властите со предупредување до граѓаните да се засолнат
ЕКОНОМИЈА1 денМаск планира да отпушти три четвртини од вработените на „Твитер“, се шират документи
МАКЕДОНИЈА2 дена(Интервју) Беким Сали не негира: Хаосот во здравството постои
ЕВРОПА2 денаРусија за оставката на Трас: „Си заминува катастрофално неписмена лидерка“
МАКЕДОНИЈА2 денаМНР ја осуди декларацијата од Благоевград: Во спротивност е на намерата за градење доверба меѓу народите
МАКЕДОНИЈА2 денаРусковска повторно се кандидира за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал
МАКЕДОНИЈА2 денаТупанчески: Секој конструктивен предлог за измените на Законот за здруженијата и фондациите ќе биде прифатен
МАКФАКС
RSS МАРКЕТИНГ ЗА НАС КОНТАКТ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Copyright © 2018 – Member of IAB Macedonia
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…