Објавено на:

Велешани паничат, чудна црна змија фотографирана во двор

t

После Скопје, наезда на змии и во Велес. По социјалните мрежи кружат слики од змии од селата околу Велес, но и во градот по дворовите на куќите. Змите се црни по боја со црни крлушки на грбот, а нивниот изглед не е вообичаен за змиите кои ги има во земјава. Граѓаните во паника сликаат и пишуваат дека станува збор за отровна змија донесена од некое друго подрачје која почнала да се размножува во земјава. Прашавме експерти за која змија станува збор. Македонското еколошко друштво и херпетологот Богољуб Стеријовски велат дека сликите не се јасни но дека најверојатно станува збор за неотровна змија популарно наречена рибарка.

– Околу 80 отсто сум сигурен декаа станува збор за змија рибарка. Меѓутоа сликата е нејасна. Како и да е граѓаните не треба да се плашат, станува збор за неотровен вид кој не го загрозува човечкото здравје- вели Стеријовски.

Според него појавата на змии во градска средина не е вообичаена појава, но се случува да ги има. Нивното излегување е поради подготовката за репродукција и тогаш интензивно се хранат.

– Последните неколку години наглото затоплување е причина за појавата во урбана средина. Се појавуваат кога ноќната температура е над 12 степени- вели Стеријовски.

Граѓаните во чии дворови прошетале змиите велат дека немаат сретнато таков вид на змија.

– Змиите се вчера уловени во Велес, но никој не знае за каква змија станува збор, велат жителите.

Експерите велат дека змијата рибарка живее во Источна Европа и Западна Азија. Natrix tessellata или рибарка е евроазиска неотровна змија.

Женките се поголеми од мажјаците. Нивната типична големина е 1,0–1,3 m. Нивната боја може да варира од сивозелена до кафеава или речиси црна, со темни дамки на грбот. Стомакот понекогаш е живо обоен во жолта или портокалова боја, со црни дамки, многу слични на коцки. Живее главно во близина на реки, потоци и езера, често се храни со риби.

Понекогаш се храни и со водоземци како жаби, жаби и полноглавци. Класифициран како неотровен. Како одбрана, од својата клоака шири секрет со многу лош мирис. Друг одбранбен механизам е претварањето дека се мртви. За време на сезоната на парење (март-мај), тие се собираат во големи групи. Снесувањето јајца е обично во јули. Младите змии излегуваат на почетокот на септември.

Извор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ученик од Велес со лисици врзал соучесник…

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште…

Малолетник каснат од куче скитник во училишен…

На 10.02.2025 во 10:20 во Полициската станица…

Падна потпорен ѕид во Велес – општината…

Поради паднат потпорен ѕид Општина Велес апелира…

Прегазен е 71-годишен пешак во Велес

Седумдесет и едногодишен маж е тешко повреден…

Близначки се првите бебиња годинава во Велес

Близначки се првите бебиња годинава во Велес.…