Велешанка доби кривична за лажен TOEFL сертификат издаден од истото студио како и директорот на АНБ!

t

Ќе поднесе ли министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кривична пријава за директорот на АНБ, Бојан Христовски?

Нешто што го забележа целата македонска јавност, покрај партиските активности на новоназначениот директор на Агенцијата за национална безбедност, е сертификатот TOEFL за познавање на англиски јазик кој Христовски го добил од „Студио Јулија“ од Пловдив во Бугарија.

Вчера во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ, Христовски потврди дека сертификатот го добил од Бугарија, бидејќи како што објасни во тој момент (2022 година) само таму имало термин за најбрзо да добие сертификат.

Ние го побаравме студиото Јулија од Пловдив, чија сопственичка е Јулија Иванова Тодорова, а се бави со преведувачка дејност.

Студио Јулија си има и профил на социјалните мрежи, но никаде не стои дека издава TOEFL сертификат.

Што е интересно? Министерот Панче Тошковски на 26 април на социјалните мрежи објавил дека е поднесена кривична пријава за велешанка која приложила лажен сертификат за пзнавање на англиски јазик при аплицирање за директорска позиција во Велес.

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

А еве ја и објавата на министерот Тошковски.

Велешанката добила лажен сертификат за познавање на англиски јазик од истото студо од кое сертификат добил и директорот на АНБ, Бојан Христовски. Оттука, се поставува прашањето, дали МВР ќе ја провири вистинитоста на сертификатот издаден од страна на студиото во Пловдив и дали и директорот на АНБ ќе заработи кривична пријава исто како и велешанката. Нели законите треба да важат за сите подеднакво?

Од СДСМ велат дека назначувањето на Бојан Христовски на чело на АНБ освен што е опасна партизација отвора и низа  сомнежи за тоа дали воопшто ги исполнува законските услови да биде на ваква висока позиција.

„Иако Христовски пријавил во биографијата пет календарски години раководен стаж недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година.

Законските услови за оваа позиција во делот на образованието  се исполнети дури минатата година, со дипломирање на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и бизнис во Скопје. Но, претходно, тој бил дипломиран тренер по кик-бокс со што не ги задоволувал законските критериуми предвидени за оваа важна функција.

Понатаму, во Биографијата објавена од Факултетот за безбедност, Христовски приложил Уверение за познавање на англиски јазик TOEFL од училиште во Пловдив – Бугарија.

Но, на официјалните страници на TOEFL јасно стои дека немa TОEFL центар за тестирање во Бугарија. (https://www.toefl.givemesomeenglish.com/bulgaria-toefl-testing-dates-and-locations/)

Дури и оние што не работат се наведени на оваа интернет страница.  TOEFL центри за тестирање во Бугарија има во 6 градови но не и во Пловдив.

Лаже ли Христовски во биографијата?

Има ли Христовски вистински документ за соодветно познавање на Англиски јазик како што посебните законски услови бараат?

Има ли 5 години стаж на раководни позиции и ги исполнува ли воопшто законските услови?

Планот на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена да поставува партиски кадри, да ги партизира и злоупотребува институциите значи целосно уништување на безбедносните структури.

СДСМ бара итно повлекување на Трајковски и отворање нова транспарентна постапка за избор на нов директор на АНБ со почитување на сите прописи и законски норми“, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанка доби кривична за лажен TOEFL сертификат…

Ќе поднесе ли министерот за внатрешни работи…

Христовски: Во целост ги исполнувам сите законски…

„Именувањето на директор со одлука на Владата…

Талевски: АНБ е брутално партиски киднапирана, директорот…

„Назначувањето на директорот на АНБ е најскандалозната…

Таравари: Новиот директор на АНБ е избор…

На чело на Агенцијата за национална безбедност…

СДСМ е против спојување на АНБ и…

Назначувањето на новиот директор на Агенцијата за…