Величковски, 100 дена ВЛАДА: При јасно неуспешна Влада, време е да се концентрираме на потребното во опозициското дејствување
Иван Величковски, основач и политички лидер на Движењето за нова република за НОВА тв.мк вели декаод по сто дена, Владата на Мицкоски и Меџити покажа дека нема ниту програмска ниту кадровска суштина за четири меѓусебно поврзани области и наведува:
– Економијата и стандардот на граѓаните.
Владините економски политики втемелени на профитот на олигархијата ги оставија граѓаните на удар на растечките трошоци на живот, а претприемачите на удар на скапите енергенси и суровини.
– Борбата со корупцијата и владеењето на правото.
Блокирањето на (право)судството низ обид за негова партиска контрола остана средство за спречување на одговорното управување со јавните пари.
– Евроинтеграциите на Северна Македонија.
Автоблокирањето на преговорите за сега го кочи “само” целосниот пристап кон заедничкиот пазар и слободното движење на граѓаните.
Но веќе во блиска иднина ќе се јави како пречка кон поволните (неповратни) помошти и средства за напредок низ развој во реалниот сектор (од земјоделство до инфраструктура) со сите последици.
– Евроатланскиот придонес на Северна Македонија.
Тој зависи и од подготвеноста за учество во заеднички операции и од комплетирање на потребните коридори за брзо распоредување на НАТО трупи.
Блокадата на Коридорот 8 од Владата на Мицкоски, оттука, не е само удар врз транспортот на добра и луѓе кон Албанија и Бугарија како паневропски коридор, туку и на мобилноста на формациите на НАТО од Јадранското до Црното Море.
Затоа, приоритет на опозицијата е подготвено да ги пресретне политиките на Владата кои веќе се погубни по стандардот на граѓаните, внатрешната кохезија на општеството и по стабилноста на државата во одбранбено-безбедносна смисла.
Оттука, за Движењето за нова република јасни се појдовните позиции на идното политичко дејствување.
Преговарачката рамка е средство на билатерално надминување на предизвиците меѓу Скопје и Брисел, а не со одделни држави-членки.
Низ неа Скопје деблокирано од спорови за членките може да напредува кон полноправно членство во ЕУ низ јасни критериуми.
Оттука секој обид за „посредување“ вон Брисел треба да се смета за асистирање на Владата на Мицкоски во држењето на земјата вон ЕУ.
Примена на билатералните и меѓународните договори.
Преспанскиот и т.н. „Софиски договор“ се целина на решавањето на споровите што ги деблокираа(т) западните интеграции на нацијата и нивната примена е дел од владеењето на правото во Северна Македонија.
Целосна граѓанска рамноправност согласно Уставот.
Дополнувањето на Преамбулата значи и јасна дистинкција на македонскиот народ, но и верба на македонскиот народ во себе – низ сопствениот капацитет и да гарантира и да практикува граѓанска рамноправност согласно своите демократски и слободарски вредности. Наспроти обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ни ги потцени овие вредности како Македонци.
Замислената „итрина“ за „одложена примена“ на дополнетата Преамбула, пак, е „бумерант“ во најава: таа значи дека како народ и нација сме согласни изворни граѓански и колективни права да важат “одложено” и административно и партиски арбитрерно. Истото се однесува и на укинувањето на стекнати права со административни одлуки (закон за јазици, „балансер“ и сл.).
Спречување на подредената позиција на Северна Македонија низ договори за задолжување на државата во странски влади и од прашални извори.
Ако договарањето на кредитот од Орбан започнува уште во периодот пред формирањето на новата Влада па и пред самите избори, (согласно програмата со која настапи пред изборите), тогаш ВМРО-ДПМНЕ преговарало од подредена позиција. Затоа прашањето е какви обврски се преземени за да се дојде до позајмицата.
На пр. за блокирање на остварувањето на државните стратешки интереси, како што веќе навестуваат досегашните владини политики?
Неселективна борба со корупцијата, вклучително низ откажување од југо-тајкунеријата негувана во економско-финансискиот систем на ПЈРМ.
Тоа значи и опстојување на дополнувањата на Законот за примена на рестриктивни мерки, што ќе ја прекине неформалната коалиција на делови од партиите во власта и опозицијата, нивните медиуми и НВО-и за поттикнување на напуштањето на полноправното членство во ЕУ како национален приоритет.
Но и јасна поддршка на барањето на ЕП за отворање на досиејата на екс-ју службите, што (и) во Северна Македонија ќе ги исцрта нивните „дечиња/внучиња“ распоредени во медиумите, бизнисот и администрацијата/партиите.
Впрочем овој процес е начнат (низ „селидбите“ на добар дел од „политичката елита“ преку ЗНАМ и ВЛЕН кон ВМРО-ДПМНЕ) уште со утврдувањето на „францускиот предлог“. Во чекање на следната „прекоманда“.
Тоа ќе го разобличи и прекине предвидливото прераснување на Скопје во „утешна награда“ за Белград во замена за комплетно меѓусебно признавање на Србија со Косово.
И ќе не врати во паралела со Албанија во движењето кон полноправно членство во ЕУ како потреба на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија – на ужас на партиите, особено на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН и на „јавноста“, елаборира Иван Величковски за НОВА тв.мк, а по повод 100 дена Влада.
Извор: НОВА ТВ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Величковски, 100 дена ВЛАДА: При јасно неуспешна…
Иван Величковски, основач и политички лидер на…
БиБиСи: Историјата вели дека на Израелците им…
Утрово Либанците се разбудија со веста дека…
Путин му ја честиташе на Џинпинг 75-годишнината…
Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на…
Четири пожари на отворено во последното деноноќие
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало…
Стејт департмент: На Украина не ѝ треба…
Украина, како суверена држава, може да носи…