Четири пожари на отворено во последното деноноќие

t

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано 4 пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле стрништа, депонии, ѓубришта, сува трева и нискостеблеста вегетација. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на град Скопје дека од 19.40ч до 20.15ч со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на опожарено ѓубре – дива депонија на површина околу 100m2 покрај ул „Скупи“ бб. (Општина Карпош). РЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 16.05 до 18.10 часот со 13 пожарникари и 5 ПП возила гаснеле запалена дива депонија и ниска вегетација покрај ул. „Ристо Курциев“. Пожарникарите од ТППЕ Валандово од 19.50 до 21.10 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило, гаснеле запален лозов насад и ниска вегетација кај месноста „Ѓупка“ кај с.Собри. Зафатена била површина од околу 0,5 хектар (Општина Валандово). РЦУК – Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Велес во која се наведува дека во период од 19.12до 19.21 часот кај м.в. „Пашин Мост“, во Општина Чашка, опожарено е 50m2 стрниште. Истото е изгасено од месното население, a од ТППЕ Велес не интервенирале.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот

Центарот за управување со кризи информира дека…

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор,…

Од вкупно 11 пожари на отворен простор…

Нема активни пожари во Македонија

До 13 часот денеска регистриран е еден…

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…

(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…

Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…