Објавено на:

Венс по објавените фајлови за Епстин ja осуди „инцестуозната природа на американските елити“, Трамп не бил дел од тоа

t

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс остро го осуди она што го нарече „инцестуозна природа на американските елити“ откако Министерството за правда на САД минатата недела објави нова серија документи поврзани со покојниот финансиер Џефри Епстин. Во исто време, Венс експлицитно нагласи дека претседателот Доналд Трамп не бил дел од мрежата. Новите документи, кои опфаќаат повеќе од три милиони страници, вклучуваат е-пошта меѓу Бил Гејтс и Илон Маск, како и компромитирачки фотографии од Ендру Маунтбатен-Виндзор, објавија американските медиуми. Во разговор за британскиот таблоид Дејли Меил, Венс рече дека Доналд Трамп „во голема мера е надвор од тој социјален круг“.

„Претседателот Трамп познава многу од овие луѓе и несомнено има слично богатство и моќ, но никогаш не бил пријател со Епстин на начинот на кој биле многу други. Ова само ја разоткрива инцестуозната природа на американската елита, што е исклучително одвратно и многу лошо се одразува на многу поединци“, рече Венс. Доналд Трамп долго време се обидува да се дистанцира од обвинувањата и наводните врски со Џефри Епстин и постојано негира какво било кривично дело. Иако претходно ја минимизираше својата поврзаност со Епштајн, подоцна призна дека некогаш биле пријатели, но дека врската завршила во 2004 година – долго пред Епштајн да биде обвинет и осуден за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп навредуваше новинарка затоа што го праша…

Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…