Весна Дамева разрешена од функцијата претседателка на Судскиот совет
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева е разрешена од функцијата, констатираше нејзиниот заменик Селим Адеми, објави „Макфакс“.
По четиричасовна кавга, а откако Дамева одбила да се стави на гласање точка која ја немаше на дневен ред, нејзиниот заменик решил да се гласа со кревање рака.
Седум членови го поддржале заменикот, кој го презеде раководењето на седницата, при нејзино присуство.
„Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи со седницата. Утре во 11 часот закажуваме нова седница. За денеска седницата е завршена“, констатирал Адеми.
Дамева барала да се констатира дека и е одземено раководењето со седницата, иако таа е присутна.
Седницата на Судскиот совет почна со низ аобвинувања. Потпретседателот Селим Адеми побара претседателката Весна Дамева да биде разрешена. Тој посочи дека таа го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер и не им го давала на членовите. На ова реплицираше Дамева која кажа дека била на одмор, а тој како нејзин заменик го примил писмото и требало да го презентира. Му посочи дека целта е нејзино разрешување поради други причини, а се крие само поради писмото. На Адеми пак, му пречело што и медиумите дошле до одредни инофрмации од Судскиот совет, па и за тоа побара одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Јакимовски: Апелирам ДПМНЕ и нивните соработници…
На ДПМНЕ ништо не им е свето,…
Јакимовски ги оцени советниците во Општина Карпош…
Советниците од Општина Карпош, кои живееле во…
Арсовска: Во Град Скопје се формираше совет…
Денеска во Град Скопје се формираше Советот…