(Видео) Јакимовски: Апелирам ДПМНЕ и нивните соработници да се вразумат и да работат за доброто на граѓаните!

t

На ДПМНЕ ништо не им е свето, ги блокираат граѓаните, религиозните настани, новороденчињата, учениците, пензионерите бидејќи се безидејни и ја сфаќаат општината како тастатура, рече градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски на денешната прес-конференција.

– Се обраќам директно до граѓаните на Карпош, почитувани граѓани обврска на градоначалникот, советниците и вработените во Општината е да ги поддржуваат проектите кои ги прават граѓаните среќни и задоволни.

Во изминатите години смисливме проекти кои ги поддржуваа граѓаните од новороденчиња, до ученици и возрасни граѓани. За жал, има луѓе кои ако видат среќни луѓе се обидуваат или да им ја рѓосаат или да им ја украдат среќата.

Такви се ДПМНЕ, тие ја украдоа среќата на средношколците кои ги сувбвенционираме за полагање на возачки испит, гласаа против стипендии за спортисти, а во сегашната фудбалска репрезентација има тројца стипендисти на Карпош, гласаа против еднократна помош на спортисти, против училишна лига, против се што е спортско и што се одвива како спорт во Карпош, против учениците да учат да пливаат, против ватерполо турнирите, се укинува шаховскиот турнир. Ја укинаа традицијата на традиционалниот фудбалски турнир “Сокол”, кој се одржува во чест на Оливер Соколов, тагично загинатиот навивач на Вардар, следната година навршуваат 30 години од неговата смрт.

Гласаа против поддршка на невладините организации, против пензионерите. За нив ништо не е свето, гласаа против поддршка на граѓаните од Нерези за Водици, гласаа против поддршка за Свети Пантелејмон, против прославата на 8 Септември, против Св. Атанасиј во Влае, против Ѓурѓовден за поддршка на Ромите, против Свети Сава за Србите, против организирање на Ифтар за муслиманите.

Вакви луѓе досега не сме сретнале, ова се единствеи луѓе што не им се допаѓа и им пречат вработените во општината, гласаа и против синдикалните игри, каде вработените во Општина Карпош секоја година ги освојуваа речиси сите медали.

Јас одамна сум положил за возачка дозвола, немам внуче што треба да добие стипендија за талентиран спортист, нивните блокади не ми влијаат мене и не ми штетат мене, на ваков начин се удира врз сите граѓани на Карпош, од најмалите до највозрасните и за жал овој метод на опструкција и блокада на ДПМНЕ и нивните соработници, се прелева и во цело Скопје обидувајќи се да го запрат животот и развојот на Крпош и Скопје, истакна Јакимовски кој додава дека блокадата не се однесува само на ДУП-овите за кои сметаат дека има бетонизација, туку и за планови каде се предвидени само куќи.

– Дека ќе се бетонизира е лага, тие одбија да гласаат ДУП-ови каде има само куќи, но вакви деструктивци се погрешен избор на граѓаните на Карпош. Останува ние и понатаму да се бориме против ваквите опструкции и почекувам подршка од граѓаните да се деблокира буџетот и работата на Општина Карпош, нагласи Јакимовски.

Градоначалникот одговарајќи на новинарско прашање порача дека советниците треба да се вразумат и да работат за доброто на карпошани.

– Штом не се усвојат одредени програми не може да се усвои ни Буџетот, во рамките на тоа се тие 4000 амандмани. Можете да замислите ги поканив сите советници да ги посетиме сите месни заедници, да разговараме со секретарите и граѓаните на месните заедници и да ги сублимираме нивните барања и потоа три дена едно по друго ги разгледувавме сите програми, заедно со вработените и советниците, Така е конципиран Буџетот, само една советничка имаше барање за локален економски развој да се одвојат средства и веднаш ѝ беше прифатено. Никој друг не пбрара ништо, тоа е апсолутна безидејност, ја сфаќаат општината како тастатура, тие појма немаат дека турнирот Сокол го поддржува цела Македонија.

Јас апелирам да се вразумат, жал ми е што ова го слушаат граѓаните на Карпош, нивната цел е Крпош од водечка општина во РМ да се претвори во општина која ќе биде на опашката по сите работи, вели Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Украден сеф од објект во Карпош!

Украден сеф од продавница во скопски Карпош,…