Ветото се поизвесно: Ковачевски се сретна со Петков во Рим – Нема решение за спорот

t

Премиерот Димитар Ковачевски после средбата со неговиот бугарски колега Кирил Петков во Рим изјави дека продолжуваат експертските тимови во двете министерства за надворешни работи и штом ќе има напредок ќе соопштат на ниво на министри.

-Доколку има некој документ кој што е заемно прифатлив, ќе биде споделен и со институциите во двете држави, нагласил Ковачевски.

Премиерот објасни дека воопшто не се разговарало дали има нови услови од Бугарија.

-Станува збор за оние прашања кои беа отворени и претходно, за нив веќе постои т.н. португалски предлог, кој што уште е основа за разговори помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој момент не можам да кажам за напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ, со оглед на тоа што додека не се дојде до таков документ не можеме да зборуваме за напредок, изјавил Ковачевски.

На средбата во Рим биле присутни и министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска.

Претходно Петков изјави дека заедно со Ковачевски не се обврзале со датуми и рокови за решавање на спорот, но дека продолжуваат со преговори во конструктивен тон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина распиша потерница по рускиот патријарх Кирил

Министерството за внатрешни работи на Украина објави…

Патријархот на РПЦ Кирил „Злото“ ѝ се…

Не може да има „пасивен став“ кога…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…