Вечерва Кичево и Струмица најзагадени градови во Македонија

Според World’s Air Quality Index кои во живо 24 часа обезбедуваат резултати за Индексот на квалитет на воздух, вечерва Кичево е најзагаден град во Македонија со индекс на загадување од 216 што спаѓа во категоријата исклучително нездрава околина. Во истата категорија е и Струмица каде индексот на загадување е 213.
Индексот за квалитет на воздухот се базира на мерење на емисиите на честички (PM2,5 и PM10), озон (O3), азот диоксид (NO2), сулфур диоксид (SO2) и јаглерод моноксид (CO).
Според овие вредности, воздухот има наднормално загадување и треба да се избегнуваат подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Загрижувачки е што премиерот не знае дека…
Загрижувачки е што премиерот и оној кој…
Костадинов: Струмица на второ место по интегритет…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на својот…
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
(Видео) Во Струмица се спроведуваат вежби за…
На територијата на општина Струмица, секојдневно се…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…