Веќе се работи за НАЦИЈА: Војводи Тетово со поддршка за протестите против францускиот предлог

t

Навивачката група Војводи од Тетово упати повик до сите тетовци и Македонци да дадат поддршка на протестите против францускиот предлог.

Ја пренесуваме нивната објава на Фејсбук во целост:

ПОВИК ДО СИТЕ ТЕТОВЧАНИ И МАКЕДОНЦИ

Сведоци сме на отворената продажба на Република Македонија од страна на политичарите од власта. Продажба и разнебитување на се што е македонско. Продажбата на јазикот, идентитетот името, историјата…

Ние како навивачка група Војводи Тетово, нема да дозволиме и нема да потклекнеме на сите овие случувања!

Апелираме до секој тетовчанец и секој Македонец да дојде, да се приклучи на оваа борба. Веќе не се работи за партија, веќе се работи за НАЦИЈА. Да го зачуваме идентитетот, да го зачуваме достоинството на Република Македонија и на македонците!

Секогаш сме биле на браникот на татковината, ќе бидеме и понатаму, се до последниот од нас!

Затоа 19:00ч се гледаме пред Влада!

СО ВЕРБА ВО БОГ ВОЈВОДИ ДО ГРОБ!

Да ни е вечна и вековита РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…