(Видео)Предлогот за бришење на техничката влада поднесен во Собрание

t

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, соопшти дека предлогот за измени на Законот за Влада се поднесени до Собранието.
“Македонија и нејзините граѓани не смеат повеќе да живеат во страв и неизвесност за својата иднина.

На Македонија веднаш и се потребни итни предвремени парламентарни избори.

За таа цел, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес до Собранието денес поднесе Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за Влада на Република Македонија.

Со овој Предлог на Закон, ние предвидуваме и бараме бришење на одредбите од законот за начинот на избор на Владата кои предвидуваа сто дена пред одржувањето на парламентарни избори да се избере нова, преодна Влада.

Во овој момент, кога се актуелни неколку кризи и кога владее општ хаос во државава, Македонија не смее и не може повеќе да губи ниту ден, а не пак сто дена за техничка Влада која што нема да реши ниту еден од проблемите со кои се соочуваат државата и граѓаните.

Втората клучна интервенција во овој Предлог на Закон е тоа што предлагаме и бараме согласно Деловникот за работа на Собранието, овој Предлог на Закон да биде ставен како точка на дневен ред на 61-та седница на Собранието на Република Македонија која што треба да се одржи во среда, 26.01.2022 година. Токму од овие причини, овој Предлог на закон го поднесовме по скратена постапка.

Дополнително, сакам да ја информирам јавноста дека денес на редовната понеделничка координација кај Претседателот на Собранието, ги понудивме овие измени на Законот за поддршка и потпис и до парламентарното мнозинство, но тие не се изјаснија по ова прашање. Очигледно тие се’уште немаат став и желба за надминување на оваа катастрофална состојба во која што се наоѓа Република Македонија. Очигледно, тие се плашат од гласот на народот и се плашат од брзи и предвремени парламентарни избори со кои што граѓаните ќе добијат народна, ефикасна и посветена Влада насочена исклучиво кон решавање на секојдневните проблеми на граѓаните.

Оттука, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ очекуваме барањето да се стави како точка на дневен ред на седницата која што ќе се одржи во среда, согласно Деловникот, да биде прифатено и да добиеме можност пред целата македонска јавност да дискутираме и аргументирано да дебатираме за оваа проблематика и за клучната потреба од измени на Законот за Влада.

На крајот, би сакал уште еднаш да упатам порака до парламентарното мнозинство дека за Македонија и нејзините граѓани времето забрзано тече и немилосрдно работи против доброто и иднината на сите нас. Единствениот излез и решение за Македонија и сите нас се брзи предвремени парламентарни избори и народна Влада која што веднаш ќе ги засука ракавите и посветено ќе работи на излез од оваа безизлезна и катастрофална состојба.” вели Никола Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…