(Видео) Адвокат се потстрижа пред косовското Собрание во знак на протест
Коци е пред Собранието при секој обид за конститутивна седница. Минатата недела, тој дојде на протест со магариња
Ја ишиша косата пред камери, а потоа им даде изјава на новинарите. Косовскиот адвокат Арианит Коци со недели протестира оти Косово не може да го конституира Собранието.
„Државноста на Косово ни е загрозена, па нашите пријатели и непријатели се убедуваат дека не сме способни да одржуваме држава. Ова веќе не е политика, туку влегува во категоријата параполитика. Затоа, барам Собранието веднаш да се формира денеска, а овој протест не е само за политичарите и пратениците, туку и за сите луѓе кои заспале и се во колективна депресија. Не заборавајте – без Собрание нема демократија, без Собрание нема економски и социјален развој, без Собрание нема држава“, рече Коци.
Коци е пред Собранието при секој обид за конститутивна седница. Минатата недела, тој дојде на протест со магариња.
Инаку, денеска, по 50-ти пат има обид за конститутивна седница, која е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Адвокат се потстрижа пред косовското Собрание…
Коци е пред Собранието при секој обид…
Месецов сме посиромашни за 600 денари: Синдикалната…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули…
Украинците создадоа вистински кошмар за Владимир Путин…
Масовните напади со украински беспилотни летала предизвикаа…
Бензините поевтинуваат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со…
Вонредно метео предупредување: Топол бран до сабота…
Под влијание на топол бран до сабота…