Месецов сме посиромашни за 600 денари: Синдикалната кошничка порасна на 65.328 денари
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули 2025 година изнесува 65.328 денари, според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Во споредба со јуни 2025 година, кога изнесувала 64.698 денари, сега е зголемена за 630 денари.
Со изнајмен стан од 60 квадрати за март изнесува 80.703 денари.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за јули 2025 изнесува 23.682 денари. Во споредба со јуни 2025 година (23.167 денари) е зголемена за 515 денари.
Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637 денари односно за 4,20%, додека кај храната и пијалоците за три месеци има зголемување за 2.202 денари односно за 10,25%, се навевува во соопштението на Сојузот на синдикатите на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Вистинската војна со Германија започнува
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Српската академска заедница бара Фон дер Лајен…
Членовите на Академската заедница на Србија денеска…
Груби и Димовски не се чувствуваат виновни…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби кој од…
Шест активни пожари и девет под контрола…
На ден 07.09.2026 година, до 13:00 часот,…
Од среда нестабилно време со пороен дожд,…
Во среда и четврток претпладне времето ќе…