(Видео) Ако некој мисли дека ќе изгради клинички центар надвор од Скопје се лаже, за 500 милиони евра комплетно може да се реновираат сите болници и училишта во Македонија!
Ако некој мисли дека ќе изгради клинички центар надвор од Скопје се лаже, вели во денешната епизода на Мрежа поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
-Ајде вака да гледаме, имаме нова гинекологија, што ќе ја напуштиме, ќе ја рушиме таа зграда? Кардиохирургија направивме, ќе го рушиме и тоа? Набавивме акцелератори, има бункери за нив и тие ќе ги рушиме? Детската клиника е релативно во ред нема зошто да се руши. И сега имаш градби кои се во ред, со мала реконструкција ќе можат да служат во следните 50 години и ти ќе ги рушиш и ќе правиш нов проект кој според мене најмалу 600 милиони евра ќе чини, вели Тодоров кој смета дека со парите кои би се потрошиле за изградба на клиничкиот центар надвор од Скопје може да се решат сите здравствени објекти во цела Македонија, како и сите градинки и училишта.
-Ај да ги анализираме тие 600 милиони евра како пари. Ако го изградиме клинички тука сега ќе потрошиме околу 100 милиони, остануваат 500. Со нив сите останати болници, клиничка болница Битола може да биде нов клинички центар, Штип која е оставена така, Струмица, Кочани, Струга, Охрид имаме одлична нова болница, стара градска реновирањето што ог имавме започнато се доврши, треба уште еден дел да се заврши, треба да се направи уште една болница во Аеродром, помал пандан на 8 Септември кај мајчин Дом.
И треба да се изреновираат здравствените домови низ Македонија. Со дополнителни 200 милиони ќе го доведеме здравството или здравствената инфраструктра на ниво на Германија, ние ова со 300 милиони евра го правиме. Остануваат 200 милиони евра да ги средиме сите школи и градинки во државата и да имаме една здравствено-социјална инфраструктура на ниво на многу развиена европска земја, да сте вие на таа позиција што ќе одберете 500 милиони за една градба или за истите пари да ги решите здравството, труд и социјала и образование комплетно решение.
И уште една работа, ист број на легла, за 600 милиони евра надвор од Скопје има 950-1000 легла, исто толку има и тука. Нема ни потеба од повеќе, во друг правец иде здравствената технологија, повеќе на дневни болници и слично, објаснува Тодоров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…
Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…