(Видео) Акција на МВР во Шипковица: Пронајдена голема количина оружје и муниција

t

Вчера (19.01.2023) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, на улица “Полог”, лишен е од слобода У.М.(34) од тетовска Шипковица.

При преглед на патничко возило “опел астра” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена една автоматска пушка и 50 куршуми “Лугер” калибар 9 мм. При претрес, извршен со наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, во неговиот дом се пронајдени 237 куршуми калибар 9мм, поголема количина на муниција од различен калибар, пиштол “Црвена застава” 7.62 мм со рамка со куршуми, пиштол “Глок 17” со рамка со куршуми калибар 9 мм, гасен пиштол, еден топовски удар, една полоавтоматска пушка “Кхан Армс” со 5 патрони.

Од страна на СВР Тетово во текот на денешниот ден до надлезното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум локации – МВР забрани да се…

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните…

„Па нели јас манипулирав за одговорноста на…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела…

Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за…

(Видео) Детали: Новинари на ТВ 21 повикани…

Попладнево во полициска станица во Центар, на…

(ДОКУМЕНТ) Еве министре, документ – образец согласно…

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, на Фејсбук…