(Видео) Акција на МВР: Запленети оружје и муниција во Скопје поврзани со кривично дело!
Синоќа околу 22.30 часот на „Црногорска“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи пронајдоа поголема количина оружје и муниција.
Според информациите, во канта за отпад пред дворно место на улицата биле пронајдени автоматска пушка „Калашников“ кинеско производство со една рамка со куршуми, автоматска пушка „Плетер 91“ калибар 9 мм од хрватско производство и една торба со 100 куршуми калибар 7,62 мм и 27 други куршуми од различен калибар.
Оружјето и муницијата биле подигнати за понатамошна постапка, а со судска наредба бил извршен претрес во домот на Б.Л.(27) од Скопје, кој не бил во домот. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.
По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…
Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…
Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…