(Видео) Акција на МВР: Три фирми за одгледување на медицински канабис останаа без дозвола, затекнато лице со забрана за влез во Македонија

t

Полицијата направи контрола во фирма што има дозвола за одгледување канабис за медицински цели во Врапчиште и констатираше многу неправилности. Претресот покажа дека во фирмата нема обезбедување и камери, а оградата била оштетена. Објектот немал струја, а оние лица што фигурирале како вработени во фирмата не биле таму. Она што го затекнала Единицата за недозволена трговија со дрога, биле двајца Албанци кои не биле вработени во фирмата а едниот од нив имал забрана да влезе во Македонија. Кога полицијата влегла во објектот да ја врши инспекцијата, тој почнал да бега, но службениците го фатиле и го привеле.

Во сеф-собата (магацинот каде се чува готовиот производ) биле пронајдени 327,3 килограми сув цвет спакуван во алуминиумски вреќи, што е спротивно на Законот за контрола на опојна дрога и психотропни супстанции. Според официјалното Известување доставено до Министерство за здравство, дополнително бил констатиран вишок од 23,3 килограми сув цвет од канабис. Исто така, затекнати биле 2.746 растенија од канабис кои се одгледуваат во надворешниот простор на правното лице, спротивно на предвидените услови.

Сите пронајдени стебла од канабис и сув цвет од канабис по насоки на Јавен обвинител при ОЈО Гостивар денеска се одземени, а по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена соодветна кривична пријава согласно Законот за контрола на опојни дроги.

Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели ќе побара да му се одземе дозволата на овој правен субјект.

Полициската контрола била и во друг објект во селото Врапчиште, гостиварско и во трет објект во скопска фирма со лиценца за одгледување канабис за медицински цели и поради бројните неправилности ќе биде поднесен предлог и нив да им биде одземена дозволата за одгледување канабис за медицински цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…

Ни трага ни глас од скандалот на…

Ни трага ни глас од скандалот на…

И денеска може да подигнете лични карти,…

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска…

(Видео) СКАНДАЛ: Братот на заменик МВР кој…

 Заменикот на Панче Тошковски, Астрит Исени демантира…

Потпишани договорите на новите полициски службеници од…

Денеска (01.08.2024) министерот за внатрешни работи Панче…