(Видео) „Ал Капоне“ од Струмица: Моите деца знаат да штедат, добиваат подароци за родендени, крштевки, мекици

t

Се одложи почетокот на судењето за случајот „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други лица поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска. Дополнително и поради тоа што предметот се наоѓа во Апелацискиот суд во Скопје за одлучување по жалби од одбраната. Обвинителството екс-ген секретар во Кривичниот суд го дочека со нова листа на докази. За прво обвинетиот, пак, се обвинителката Трајчева доказите ги набавувала на незаконит начин, а за тоа се жали и на Апелација.

– Не би сакал повеќе да навлегувам во докажувањето, сето тоа е предмет на оваа постапка. Меѓутоа, податоци и факти коишто се апсурдни не може да бидат докази, пак ќе ви кажам, 43 пораки во една секунда на документ на кој со форензичка анализа е докажано дека е правен на компјутерот на обвинителката, значи не е тоа податок извлечен од телефон, туку правен на компјутерот на обвинителката, таму стои на кој компјутер е правено, изјави Рашковски.

Рашковски уверуваше пред Кривичниот суд дека не постои промена во неговата имотна состојба освен во подароците кои ги добивале неговите деца.

-Децата имаат заштеда која е од нивните родендени а се друго децата што поседуваат е мој имот што јас сум го имал и претходно.Целата работа се вулгаризира затоа што и станот и подвижните средства сум ги имал и пред да станам Генерален секретар. Сето тоа е само префрлено, ние сме традиционална земја како секој родител. Станот што сум го имал само сум го префрлил,не станува збор за нов имот.Новиот имот во Побожје е купен на кредит со средства кои што и претходно сум ги имал, се правда Рашковски.

Како сведок на одбрана Рашковски го предложил и поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. За обвинителството доказите ќе бидат доволни да се потврди делото за кое се терети. Обвинителката Ивана Трајчева не сакаше да открие дали некој од Илинденска ќе биде повикан како сведок.

-Во суштина станува збор за докази од кои ќе се докажат сите факти наведени во диспозитивот на обвинителниот акт, за секоја постапка посебно, како и за хонорарците, а и за кривичното дело перење пари, рече Трајчева.

Обвинението опфаќа набавки околу два софтвери – за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација, а исто така и исплата на хонорари од коишто, според обвинителството, ексгенералниот секретар дел си одвоил за себе. Според обвинителството, Рашковски и останатите осомничени си ставиле во џеб скоро 300.000 евра.

Инаку Рашковски беше во фокусот кај јавноста во неколку наврати. Дел од медиумите пишуваа и за случај во кој склучил тригодишен договор за софтверски лиценци од милијарда денари откако во отворена постапка отпаднале условите за техничка и професионална способност, за џипот волво кое не беше во неговиот анкетен лист. Пред две години пак беше отворен случајот со набавка на софтвер во М Нав од фирмата Леонардо кој сеуште нема разрешница, каде главната улога повторно ја имаше Рашковски.

Последно, антикорупционерите открија дека сопругата на Рашковски добила на подарок „Доџ вајпер кабриолет“ кој на пазарот чини 50 илјади евра, а во анкетниот лист било пријавено дека вреди 5 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јокиќ влезе во историјата – никој како…

Дуелот на последните два шампиона во НБА,…

Предупредување за терористички напади во Европа, три…

Според извештаите, првите четири апсења биле извршени…

ПЕКОЛ: Во Австралија температури и до 45…

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за топлотен…

ЕУ донесе закон со кој ќе ја…

Европската унија сака подобро да ги заштити…

„Њујорк тајмс“: Путин преку посредници бара да…

И покрај воинствената реторика и изјавите дека…