(Видео) Апасиев “ги пошљака” Ковачевски и Мицкоски: Нехаризматични, милионери и татини синчиња

t

Во доменот на економијата Левица има порадикална програма од СДСМ. Социјал-демократијата не е веќе “секси”. Радикалните се многу поинтересни, вели во денешната епизода на Тешки муабети лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој додава дека радикализмот е актуелен и дека Македонија нема да успее доколку не игра со сите големи сили.

-Не може Бујар Османи да му држи лекции на руски министер за надворешни, дај ве молам.

Затоа Тито бил добар лидер, затоа што играл со сите и ги создал неврзаните, имал визија човекот и направил држава. Во тоа време имало муабети Тито и Хоџа и Бугарија со Ѓорѓи Димитров, да формираат Голема Југославија.

И од такви ликови спаѓаме на Таче и на Мицко и како да не бидеш радикален, мора да бидеш радикален.

Не сум ги анализирал, ама ај да ги анализирам. Двајцата се милионери што е хендикеп во политика, двајцата се нехаризматични, сакаат да се покажуваат како професори а и двајцата се татини синчиња. Они ми викаат дека сум селски даскал ама едниот бил на Универзитет што е под УГД на листа, а другиот бил асистент на татко му.

И двајцата биле анонимуси пред да станат лидери на политички партии. 10.000 брачни парови владеат со државата, тоа е проблемот, тоа е елитата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата се раситнува: Мицкоски го најави излегувањето…

На премиерот му е јасно дека Таравари…

​​​​​​Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…

Иако Владата се фали со „успешни мерки”…

Мицкоски калкулира со парламентарни избори заедно со…

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ информираат дека во партијата…

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…

Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…

Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…