(Видео) Арсовска: Ако советниците на ВМРО-ДПМНЕ продолжат да блокираат нека одат на избори, да видиме дали граѓаните ги одобруваат нивните политики

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување на ТВ 24 денеска рече дека опција е, доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи да блокира да има избори за Совет на Градот, по примерот на Тетово.

– Тоа е повеќе одлука на советниците, доколку тие одлучат да бидат конструктивни во интерес на граѓаните и да направат се што е во нивна моќ на одлучување да Градот Скопје продолжи да работи во насока на реализација на она што е ветено пред граѓаните, јас немам проблем.

Меѓутоа доколку се одлучи да се тера на овој начин, да се оди по секоја цена да се блокира колку да се наштети на градот тогаш и тоа е опција и зошто да не. Нека одат на избори и нека видат дали граѓаните ги одобруваат нивните политики, рече градоначалничката.

Арсовска истакна дека само советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го блокирала буџетот, тоа не било случај со ниту една друга група во Советот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…