(Видео) Арсовска го попари шефот на ПР тимот на Мицкоски: Ти се тресат рачињата, ти трепери гласот бидејќи лажеш!
Вистинска драма попладнево се случуваше во Советот на градот Скопје, откако советникот и шефот на ПР-тимот на Христијан Мицкоски постави прашања нарачани од неговиот шеф.
Луке Галевски заборави дека до пред неколку дена, Арсовска беше најдобриот градоначалник кој Скопје некогаш го имал, жена со достоинство, храброст и голем работник.
Aрсовска му порача на Галевски дека му се тресат рачињата и му трепери гласот бидејќи дрско лаже при поставувањето на советничкото прашање.
-Советниче кога лажете ви се тресе рачето и ви трепери гласот. Смалете доживување. Каде е шпицниот градоначалник не го гледам тука? Каде се крие Мицкоски? Имаме одговор на ова прашање? Го нема никаде. Се крие, изјави Арсовска.
Таа потенцираше уште еднаш дека единствената причина за разрешувањето на екс-шефот на кабинет на Христијан Мицкоски, Златко Перински е тоа што тој е фатен во криминал, односно како што вели со рацете во медот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…