(Видео) Арсовска: Граѓаните треба да бидат прашани за преименување на улиците, вклучително и “Јордан Мијалков” – дел од одлуките биле носени спротивно на Законот
Во денешната епизода на “Наше Скопје” градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објасни дека за преименување на улици, вклучително и преименување на улицата “Јордан Мијалков”, треба да бидат прашани граѓаните.
“Со преименувањето има големи предизвици, тука имаше и доста реакции од граѓаните, тоа е актуелно прашање кое ќе треба да се отвори затоа што за жал таа одлука која се носела се носела спротивно на прописите. Одлуката е донесена спротивно на законскиот рок, односно Законот кажува дека во одреден период пред избори или попис не смее да се носи таква одлука, а оваа улица е токму тогаш премиенувана.
Сметам дека не треба по секоја цена да се тера политика по грб на граѓаните и треба граѓаните да бидат прашани дали сакаат или не сакаат да биде сменето. Не може граѓаните да не бидат прашани, не се работи само од практичен аспект дали ќе вадат лични документи и колку ќе ги чини тоа, треба да се размисли прво дали тие сакаат да се направи таа промена или не. Да не се размислува попилистички за да се задоволи својот електорат. Треба да се види што мнозинството на граѓаните сакаат и да се пристапи кон носење на решенијата.
За Јордан Мијалков треба да се бележи, таму интервениравме поради доста непрописни паркирања. Започнавме да поставуваме заштитни столбчиња исто така таму има и училиште и се делува во насока на заштита.” – истакна Арсовска.
Следете ја емисијата на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=602393627942591¬if_id=1651516690060343¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…