(Видео) Арсовска: Завршена изградбата на улицата “Есенинова”, решен децениски проблем на граѓаните

t

Завршена изградбата на улицата Есенинова, која претставува ново сообраќајно поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода. Новата улица ги поврзува булеварите Борис Трајковски и Трета Македонска бригада и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“, објави на Фејсбук градоначалничката Данела Арсовска.

-Дополнително, изградена е нова водоводна и канализациона мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа.

Паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…

Инспекциските служби на Агенција за храна и…

Од март директна авиолинија од Скопје до…

Од март ќе биде воведена директна авиолинија…

БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…

Во завршна фаза се активностите за санација…

Од вечер повеќе од половина од Скопје…

Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…

Штедете и гответе оброци што не бараат…

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во пресрет…