(Видео) Арсовска: Кога не им одговарате на коалицијата СДСМ-ВМРО следуваат опструкции – Сите кои постапија незаконски ќе бидат санкционирани!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вели дека е јасно каде е вината што утрово средношколците, учениците и останатите скопјани не можеле да стигнат донивните работни места и училишта навреме и дека за незаконското постапување ќе следуваат санкции.
– Вината треба да се бара и да се лоцира и граѓаните треба да знаат кој е одговорен. Штом не одговарате на оваа коалиција СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во истиот момент веднаш следуваат блокади и следува ова што го гледате.
Таму долговите постојат повеќе од десет години, секој еден директор кој работел бил поддржуван, биле давани дотации од Владата и по 360 милиони денари за да може да се сервисираат долговите, сега за првпат се укинуваат прво на 120 милиони кои не се исплаќаат, па на нула за оваа година.
Значи некој не се гружи ни за студентите ни за учениците ни за да функционира градскиот превоз. И може кој сака колку сака да го релативизира истото но многу убаво знаме каде е вината.
Членовите на Законот се јасни, она што е испратено како соопштение до медиумите доследно ќе си се почитува, ќе се преземат постапки затоа што заштитата на јавниот итерес е пред се и никој поединец нема право да го наруши јавниот интерес, како што се случи денеска.
Партиите да престанат да се препукуваат меѓу себе и да носат решенија, на крајот на краиштата тој управен одбор во ЈСП го предложиле и гласале истите овие советници од ВМРО-ДПМНЕ, вели Арсовска која додава дека за едно појавување во тие одбори се зема по сотитици евра.
ЛИНК од изјавата на Арсовска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…