Објавено на:

(Видео) Арсовска: Линеарно ги зголемивме платите во градската администрација, поставивме пример за сите

t

Платите на сите вработени во Град Скопје се зголемени линеарно колку што беше зголемена минималната плата, односно 2800 денари, истакна градоначаничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешната епизода на Наше Скопје.

– Сметам дека ова беше еден чекор на добра волја, каде што солидарно, линеарно настана покачување на сите во Град Скопје, цела администрација, вработени што подлежат под ЗРО, пожарникари на Градот.

Започнавме еден тренд за кој се интересираат останатите едниници на локалната самоуправа. Верувам дека она што го направивме ќе допринесе значително во подобрувањето на услугите во однос на она што градската администрација ги дава на граѓаните, и ова е начин да се даде мотив во тешки времиња и во време на двоцифрена инфлација. Цените се зголемени насекаде и верувам дека секаде кадешто има можност треба да постапат така.

Платите се зголемени линеарно за 2800 денари освен на оние на кои им беше зголемена минималната плата, истакна градоначалничката Арсовска.

Следете ја емисијата во живо на слениот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1719484198401857&notif_id=1656276564274624&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…