Арсовска објави промотивно видео – Скопје е европска престолнина на културата!
Огромна чест е фактот што Град Скопје во сериозна конкуренција ја доби титулата „Европска престолнина на Културата“, напиша на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која го сподели видеото со кое Градот Скопје се претстави пред комисијата.
– Оваа титула сериозно ќе придонесе во натамошниот развој и промоција на културата во главниот град, а ќе има и дополнителни бенефити за локалното стопанство и развој на туризмот.
Особено горди треба да бидат скопјани на фактот што нашиот град доби највисоки оценки за програмската определба која беше доставена до Европската Комисија и европските институции што придонесе да Скопје едногласно биде избран за „Европска престолнина на културата“ за 2028 година, истакна Арсовска.
Таа додаде дека за остварување на оваа цел работела целата градска администрација.
– За остварување на оваа цел градската администрација работеше посветено и благодарение на нивните заложби, заложбите на нашиот тим и поранешните градоначалници на градот, Скопје денес може да се пофали со титулата „Европска престолнина на културата“.
Ова достигнување ќе резултира со бројни културни манифестации кои ќе ја промовираат македонската култура и културно наследство пред Европа и целиот свет. Со тоа се реализира уште една заложба од програмата „За модерно Скопје“ која ја доби довербата од граѓаните на локалните избори, Град Скопје нема да застане тука и ќе продолжи со уште поголеми напори во реализација на сите проекти кои се во интерес на граѓаните, напиша Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…