(Видео) Арсовска: По децениско барање на граѓаните се реконструира улицата “Димо Хаџи Димов”
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција соопшти дека се започнува со реализација на проектот за реконструкција на улицата “Димо Хаџи Димов” во вредност од 41 милион денари.
Покрај реконструкција на улицата, градоначалничката нагласи дека ќе се постави и атмосферска канализација, нова водоводна мрежа и целосно хортикултурно уредување.
– Денеска сме тука на овој потег којшто Град Скопје по децениско барање на граѓаните го реализира. Се работи за еден голем инфраструктурен проект кој се реализира од аспект на тоа да се овозможи подобра безбедност на граѓаните кои се движат овде на улицата Димо Хаџи Димов, овој потег кој ја поврзува улицата “Антон Попов” со “Народни херои”.
Се работи за површина од над 6200 метри квадратни и должина од 800 метри, меѓутоа уште поважно покрај тоа што ќе се овозможи за граѓаните поголема безбедност е и тоа што следи нова изградба на атмосферска канализација по целата должина и краците кои с еповрзани но и реконструкција на водоводната мрежа по целата должина.
Од исклучително значење е и тоа што, како што знаете во изминатите години овде имаше звесни поплави на кои граѓаните реагираа, и со ова се овозможува да не се сллучуваат поплави какви што имаше во изинатите години.
Овој проект има вредност од 41 милион денари. Она коешто сакаме да го потенцираме дека покрај тоа што ќе се реконструираат улиците ќе се израмнат шахтите и сливниците и ќе следува целосно хортикултурно уредување, истакна градоначалничката Арсовска.
ЛИНК од прес-конференцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…