(Видео) Арсовска: По 5 години е возобновен “Вино Скоп” – Скопје треба да има фестивал за секој месец
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешната епизода на “Наше Скопје” истакна дека Градот се залага за збогатување на културниот живот во Скопје.
– Скопје има многу културни настани и верувам дека на граѓаните низ оваа пандемија им беше значаен психолошкиот елемент и на никого не влијаеше добро, затоа културни настани се потребни.
По 5 години пауза се возобновува “Вино Скоп”. Настанот беше прекинат најверојатно поради прекин на поддршката. Сегашното раководство смета дека не треба таква традиција на успешно функционирање од 12 години да биде прекината. Граѓаните беа задоволни.
Во Скопје треба да има по еден фестивал секој месец, важно е граѓаните да имаат подобар квалитет на живот и повеќе културни и уметнички настани. – објасни Арсовска.
Следете ја емисијата во живо на слениот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=2050979538446431¬if_id=1652036656516252¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска за Николоски: Пренесете му на неписмениов…
Ќе му пише ли некој на неписмениов…
Дезинсекција против комарци, од сабота до четврток…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…